Куќата што не знае кај се наоѓа

18244850845_a896d442f8_k[1]

Сликава веројатно ви е позната. Куќата на сликата буквално се наоѓа на границата помеѓу Холандија и Белгија, и е дел и од двете земји. Има две различни адреси, а дури и две ѕвончиња – по едно за секоја нација.

Куќава не е единствена во реонот која се наоѓа на двете страни на границата. Ама е единствена во светот, веројатно, за која не се знае каде припаѓа.

Во случајов, важно е каде точно се наоѓа предната врата. Ако вратата ти е во Холандија, ти си во Холандија. Ако е во Белгија – ти си во Белгија.

Ај сега пак ѕирнете ја сликата. Како што можете да видите, границата поминува баш по средината на вратата…

- Реклама -