Mексиканска кинематографија Кинотека на Македонија

Мексиканската е една од најплодните филмски индустрии во Латинска Америка. Серијата неодамнешни оскаровски победи на режисери како Алфонсо Куарон и Алехандро Гонзалес Ињариту, високо го позиционираа мексиканскиот филм на светската мапа што придонесе за поплава од различни продукции на годишно ниво. Продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ Филм & Медиа“ како дел од проектот „Ревија на светските кинематографии“ ќе се обиде да го сврти вниманието на домашната публика кон мексиканскиот филм, претставувајќи неколку репрезентативни филмски наслови од Мексико.

Од среда (1 јуни) до петок (3 јуни) во термините од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани три филмови од поновата мексиканска продукција. Станува збор за „Животот потоа“ од 2013 година во режија на Давид Паблос, „Почетокот на времето“ од 2014 година во режија на Бернардо Арељано, двата од жанрот драма. На програмата е и акционата авантура „Одвоен ветар“ од 2014 година во режија на Алехандро Гербер Бичечи.

Додека се одмотува лентата дополнително ќе бидат обезбедени и уште два репрезентативни наслови од мексиканската кинематографија.

Повеќе информации за програмата и филмовите подолу:

ПОЧЕТОКОТ НА ВРЕМЕТО (1 Јуни, 20 ч.)
Мексико / 2014 / Драма / 110’

Beggining of timeРЕАЛИЗАЦИЈA:
Режија: Bernardo Arellano
Кинематографер: Sara Purgatorio
Улоги: Francisco Barreiro, José Sefami

СОДРЖИНА: Антонио и Берта се повозрасна двојка во своите деведесетти кои одеднаш се наоѓаат до гуша во неволја кога пензиите им се запрени поради општествената и финансиска криза во земјата. Со оглед на тоа што не си ги виделе двете деца веќе многу години, се соочуваат со фактот дека за да опстојат мора да се потпрат сами на себе, и да почнат да го продаваат она што го имаат- да продаваат тамалес на улица, или да прибегнат кон криминал. Животите на старците се менуваат кога нивниот син Јонас и внукот Пако, по десетгодишно отсуство, повторно се појавуваат во нивните животи.

Прочитајте и:  Недела на јапонски филм во Кинотека

ЖИВОТОТ ПОТОА (2 Јуни, 20 ч.)
Мексико / 2013 / Драма / 90’

Life afterРЕАЛИЗАЦИЈA:
Режија: David Pablos
Сценарио: David Pablos, Gabriela Vidal
Кинематографер: José de la Torre
Улоги: Rodrigo Azuela, Américo Hollander, María Renée Prudencio

СОДРЖИНА: Самуел и Родриго тргаат на пат во потрага по својата мајка која исчезнала, оставајќи зад себе белешка, што вели: „Морав да заминам-Мама“. Односот помеѓу браќата тинејџери станува напнат и нарушен додека патуваат низ напуштените предели, следејќи траги од спомените од нивното детство.

ОДВОЕН ВЕТАР (3 Јуни, 20 ч.)
Мексико / 2014 / Акција / авантура / драма / 99’

Separate wind

РЕАЛИЗАЦИЈA:
Режија: Alejandro Gerber Bicecci
Сценарио: Alejandro Gerber Bicecci
Кинематографер: Martin Boege
Улоги: Mario Balandra, Valentina Buxxurro, Margarita Chavarria, Sebastian Cobos, Daxuni Desiderio Alberto Lomnitz

СОДРЖИНА: Мајката на Омар (15) и Карина (12) доживува срцев удар за време на семејниот одмор. Децата, оддалечувајќи се едно од друго, почнуваат долго патување низ Мексико кон куќата на нивната баба. По пат се соочуваат со разнебитената и поделена земја во која владеат недоверба, презир и насилство. Различни ликови -странци во својата сопствена земја -ги водат, како низ лавиринт, до нивната конечна судбина.

- Реклама -