Современиот банкарски систем со тек на времето ќе изумре, а клиентите ќе отвораат сметки директно во Централната банка, смета директорот на Свербанка – Герман Греф.
„Сите функции се апсолутно заменливи со алгоритми… Тие можат да доведат до тоа банкарскиот систем да се доведе на едно ниво, односно да се сведе на централната банка – тоа е сé. Сите отвараме сметки во централната банка, а другото е работа на техниката. Јас се подготвувам за таква иднина“, изјави Греф. „Не верувам дека на погребот на банкарскиот систем ќе дојдат многу луѓе… Не познавам такви што многу ги сакаат банките“, додава Греф и признава дека и самиот тој не ги сака.
Тој предвидува и крај на банкарските картички – тоа е „старудија“ која, според него, ќе биде убиена од новите технологии. Неговата Свербанка уште сега користи технологија на скенирање на дланката, а работи и на технологии за распознавање на гласот и лицето. „Кога ќе можеме да ве идентификуваме на други начини, картичката веќе нема да биде потребна“, рече Граф.
Според него, минатата година била пресвртна: векот на IT технологијата е сменет од век во кој главна ќе биде умешноста да се собираат и анализираат информации.