5 најголеми митови за алкохолот

Постојат многу митови за алкохол, од трикови за брзо отрезнување до магични лекови за мамурлак.

Рекламите на компаниите кои произведуваат и продаваат алкохол ветуваат бунт, возбуда и привлечност со секоја голтка, на спротивниот крај урбаните легенди го поврзуваат алкохолот со сè од уништување на мозочните клетки до здебелувањето.

Пиењето аспирин пред алкохол ќе спречи мамурлак

Всушност спротивното е вистина. Истражување има покажано дека аспиринот ја зголемува количината на алкохол која останува во системот, што значи дека ќе се опиете побрзо и ќе останате пијани подолго. Мешањето алкохол и аспирин исто така може да предизвика и крварење во системот за варење. Почитувајте ги предупредувањата и не мешајте било каков лек со алкохол.

Цицање паричка ќе ви помогне да измамите полициски тест поради бакарот

Луѓето кои сакаат да ја загрозат сопствената безбедност и безбедноста на другите возејќи под дејство на алкохол би требало да знаат дека дури и сто парички нема да им помогнат да избегнат одговорност.

Теоријата е дека бакарот од монетите ќе го впие етанолот. Но дури и тоа да беше вистина, денесните парички имаат многу малку бакар – околу 2,5 проценти. А дури и да имаше магична субстанца која ќе го впиеше алкохолот немаше да ви помогне. Полицајците обично чекаат неколку минути пред да го спроведат тестот а и провеуваат дали користите нешто што би го нарушило резултатот.

Пиењето многу го подува стомакот

Ова е точно – пиењето големи количини пиво води кон зголемување на телесната тежина. Но дополнителната тежина најверојатно нема да се собере во вашиот стомак. Пивото може да води до зголемување на обемот на половината – вклучувајќи пошироки колкови. Здебелувањето е контролирано и од гените кои одредуваат каде ќе се залепат дополнителните килограми.

Најдобар лек за мамурлак е уште еден пијалак наутро

Ова е еден од најраширените митови поврзани со алкохолот. Иако пиењето наутро би можело да ги одложи симптомите на мамурлак, штом количината на алкохол во крвта ќе се спушти на нормално ниво вашите симптоми ќе се вратат – најверојатно подрастично поради дополнителниот алкохол. Водата и времето се единствените вистински лекови за мамурлак, дополнителниот алкохол не само што нема да помогне туку пиењето наутро би можело да предизвика зависност.

Кафето ќе ви помогне да се отрезните

Истражување кај животни покажува дека кофеинот би можел да ги подобри вашите реакции но тоа не значи дека сте се отрезниле. Студија која се фокусирала на возење под дејство на алкохол покажала дека кофеинот има позитивен ефект но не може целосно да го отстрани дејството на алкохолот. Повторно, единствениот лек е времето.

- Реклама -