Богатите Американци обично пребаруваат нешта кои се поврзани со здравјето и благосостојбата, а Африканците воглавно бараат начини да преживеат – вели анализата на „најгугланите“ термини во одредени делови на светот.
Во Северна Америка се интересираат за цената на патентите, затегнување на стомакот, цените во здравството, храна, пијалоци и цигари. Меѓу најгугланите термини е и „дијамант“.
Во Јужна Америка, луѓето гуглаат проститутки, сламени шапки и сомбрера и пиво, додека Африканците, освен робови, камили= и кравите, се многу заинтересирани за цената на лебот, за свадби и за изградба на куќи.
Европејците најмногу ги гледаат цените на образованието, а потоа храна, пијалоци и недвижен имот.
Во Русија, најмногу сакаат да знаат колку чини да леташ со борбен авион „МИГ“.
Во Азија, најчесто се бараат цени на крави, бубрези, електроника, и проститутки. Голем интерес има и за цените на патувањата, како и за визи.
Во Австралија, пак, популарни се недвижнините, вештачкото оплодување и здравственото осигурување.