Учителите и наставниците во градот Нукус – престолнина на узбекистанската покраина Каракалпастан, добија плата „изразена“ во пилиња.
Ај што просфетарите не се живинари, туку и тие пилиња што им ги дале им ги рачунале по дупло повисока цена од таа на пазарот.
Причината за ваков чекор е јасна – градските власти немаат доволно пари да ги исплатат платите, па ете, најдоа „решение“ во пилињата.
„Минатите години ни плаќаа во компири, моркови и тикви. Сега ни даваат пилиња и тоа по дупло повисоки цени“ – се жали еден од просветниците.
Со големи финансиски проблеми и неможност да исплате плати не се соочува само Нукус, туку и цел Узбекистан.
Од друга страна: моркови, тикви, компири и пилешко – еј, па тоа ти е цел ручек!