Најопасниот „крокодил“

dil22[1]

Пред околу една деценија руските лекари почнуваат да забележуваат чудни рани по телата на некои наркозависници во болниците во Сибир и на Далечниот Исток на Русија. Меѓу нив и потемнети и огрубени делови на кожата, исти како кожата на крокодил.

Откривањето на причината се случи мошне брзо – пациентите инектираат нова дрога, која, очекувано, ја нарекуваат „крокодил”. Некои сметаат дека името доаѓа од ефектите, а други од една од нејзините состојки – алфа-хлорокодид. Видеата со последиците од дрогата која го „нагризува телото“ брзо се раширија на глобалната мрежа, а ние строго ви препорачуваме да не ги гуглате и да не ја отварате „Пандорината кутија“, за ваше добро.

Сеедно, според американските власти, стравувањата од претстојна епидемија од дрогата се претерани. Сепак, тешко е човек да не се плаши од дрога која по телото остава лузни како да се работи за влекач. Најстрашното, сепак, е што е многу лесна за производство.

top8-640x390[1]„Крокодил“ се прави од кујнски состојки и прибор, кои можат да се купат во најблиската аптека и продавница. Активната состојка е кодеин – таа е лесен опијат и се продава без рецепт во многу земји. Корисниците го мешаат кодеинот со различни други состојки, како на пример разредувач за боја, хлороводородна киселина и црвен фосфор кој се добива од кибрит.

Резултатот е матна, жолта течност со остар мирис. Таа има сличен ефект на хероинот, но по многу пониска цена. Во Европа, на пример, доза „крокодил“ чини само неколку долари, во споредба со цената на хероинот од 20 долари.

Ама, како што заклучивте, зависниците скапо го плаќаат евтиниот „крокодил“. Каде и во телото да се инјектира течноста, крвните садови пукаат и ткивото умира, а понекогаш дури и се одвојува на парчиња од коските. Овој несакан ефект е во основата на другиот прекар на крокодилот – Зомби дрога. Навлечените на крокодил обично живеат само уште две или три години.

The following photographs were taken in Yekaterinburg, Russia in 2013. Alexei, age 33, injects a dose of krokodil. Because of his dependence on krokodil, Alexei has injuries and swelling around his feet and is forced to walk with a cane.
Алексеј, 33 години, зависник од „крокодил“. Има сериозни отоци и повреди околу стапалата и оди со бастун.

Дрогата брзо се рашири меѓу руските наркозависници. Во 2005 година, локалните власти најавија дека има само изолирани случаи на негова употреба. Шест години подоцна, во првиот квартал на 2011 година, властите конфискуваа 65 милиони дози т.е. 23 пати повеќе во споредба со две години порано. Истата таа година, крокодилот е користен од 1 милион наркозависници во Русија.

На 1 јуни 2012 година, Русија ја забрани продажбата на кодеин без рецепт, и со тоа значително го намали бројот на корисниците на дрогата. Од друга страна, сега сé повеќе ја набавуваат оваа клучна состојка на црниот пазар.

Пикот на епидемијата на дрогата крокодил може и да е минато во Русија, но се појавуваат информации за негова употреба и на други места. Во октомври во САД се појави случај на 30-годишен наркозависник од Мисури, за кого беше соопштено дека му „паднал“ прстот и кожата почнала да му гние, откако си инектирал крокодил.

- Реклама -