Покрај најсилната лига, во Франција сè поактивно се издвојуваат и одлични натпревари и од Лига 2 кои често знаат да завршат со неверојатни голови.
Еден таков запиша и 22-годишниот напаѓач на Анже, Јорик Раве, кој најпрво ја украде топката, а потоа од центар ја испрати во мрежата на противничкиот голман во победата од 2:1 на неговиот тим над Клермон.
{youtube}v=zkJZJfQn__k{/youtube}
Раве, кој е на позајмица од Сент Етјен во редовите на второлигашот, најверојатно од почетокот на следната година повторно ќе биде вратен во својот клуб.