Фјури: „Дебел сум и не го сакам боксот“.

Ви личи ли ова на тело на спортист?
Ви личи ли ова на тело на спортист?

Боксерскиот дежурен шегаџија – Тајсон Фјури, повторно блесна со култните изјави, овој пат на пресконференцијата со Владимир Кличко во Манчестер, пред нивниот натпревар на 9 јули.

Британецот, кој е шампион на WBA и WBO во тешка категорија, се соблече и се нарече себеси  „дебел“. Потоа призна дека го мрази боксот и мрази да зборува на прес-конференции со новинари.

Фјури има 25 победи од 25 избоксувани професионални натпревари. 18 од нив заработи со нокаут. Неговиот ривал, Владимир Кличко, има 64 победи и има изгубено 4 пати во својата кариера. 53 од натпреварите заработил со нокаут.

„Јас не живеам како спортист. Не ме нарекувајте така. Ја мразам секоја секунда од тренингот. Мразам многу работи. Вклучувајќи и да зборувам со вас (новинарите). Всушност, повеќе сакам да сум дома со своите деца и да јадам чоколадо. Не сакам да боксувам, но едноставно правам многу пари од тоа“, рече Британецот пред одеднаш да запре, да ја соблече маицата и да ги праша присутните во салата:

1461785230952[1]

„Ви личи ли ова тело на спортист? Дефинитивно не!“. Потоа се сврте кон Владимир Кличко и му рече: „Еве кој те победи, Владимир. Треба да ти е срам. Еден дебелко ти ги одзеде сите појаси. Што е поентата во тоа да тренираш 40 години, а потоа еден дебел да ти земе сé?“

Патем, првиот меч со Кличко траеше 12 рунди, по што судиите едногласно му ја доделија титулата на Фјури. 10 дена подоцна, му беше одземен еден од појасите, бидејќи одби да се бори со предизвикувачот. А ако повторно го освои и по вториот дуел, како што самиот рече, ќе се помоча врз шампионскиот појас.

А ако не го освои, слободно може да биде новиот Луис Си-Кеј.

- Реклама -