Проектот Velocipedia почна во 2009 година, кога уметникот Џанлука Џимини почна да прашува пријатели и рандом странци од сите возрасти, да му нацртаат точак по сеќавање.
„Наскоро дознав дека кога луѓето се конфронтирани со вака чудно барање, одеднаш имаат тешкотии да се сетат како всушност изгледа и е направен еден точак. Некои се близу, некои перфектно го погодија, но повеќето нацртаа нешто што е прилично далеку од обичен точак. Всушност јас и не знаев дека ова е всушност тест што го користат психолозите за да демонстрираат како нашите мозоци понекогаш не измамуваат да мислиме дека нешто знаеме, кога всушност не знаеме“.
Така, Џимини почнува да собира стотици цртежи и да создава колекција, за која ќе рече дека му е многу драга. Колекцијата изобилува со огромен диверзитет на нови типологии и дизајни на точак кои произлегуваат од згрешените цртежи. „Еден дизајнер не би можел да измисли толку многу нови дизајни на велосипед дури и да живее 100 животи. Токму затоа гледам на колекцијата со толку восхит“.
Во новата серија, тој дигитално ги рендерира нацртаните резултати и со тоа креира фасцинантна колекција од помалку или повеќе функционални дизајни на точаци.