Patuvajzaedno.mk: Патувајте низ Македонија и споделете ги трошоците

logopatuvaj.jpg „Патувај заедно“ е посредничка веб-страница која на возачите и
патниците во Република Македонија им овозможува да остварат меѓусебен
контакт со цел да го организираат и реализираат своето патување, да ги
поделат патните трошоци, да патуваат удобно и да стигнат на саканата
цел точно на време.


logo.jpg „Патувај заедно“ е посредничка веб-страница која на возачите и патниците во Република Македонија им овозможува да остварат меѓусебен контакт со цел да го организираат и реализираат своето патување, да ги поделат патните трошоци, да патуваат удобно и да стигнат на саканата цел точно на време.

„Патувај заедно“ во регионални рамки е прва независна посредничка платформа која служи исклучиво за користење на сопатнички можности во Република Македонија. „Патувај заедно“ не претставува посредничка агенција, туку платформа која им стои на располагање на самостојни возачи и сопатници. Тоа значи дека организацијата на патувањето се договара директно помеѓу возачите и сопатниците. Тие самите ги наведуваат податоците за своето патување на веб-страницата www.patuvajzaedno.mk.

Местото на наоѓање, трошоците како и другите детали ги договараат самите возачи и сопатници, директно преку телефон, мобилен, e-mail, факс и сл. Заедничкото патување се одвива помеѓу познати и непознати учесници во сообраќајот, водејќи се исклучиво од практични причини т.е заеднички интерес.

Предностите на заедничкото возење од индивидуална гледна точка

  • поедноставно, временски поточно поврзување од точка А до Б
  • поудобно и поевтино патување
  • делење на трошоците при патување
  • заштита на околината

Предностите на заедничкото возење од национална гледна точка

  • заштита на околината
  • намалување на индивидуалниот сообраќај
  • растеретување на градскиот метеж
  • поголема мобилност на младите
  • планирање и организирање на патувањето
  • зголемување на рационалноста во сообраќајот


Кога би бил сајтот од корист за Вас

  • Во летни сезони, при користење летен одмор и сл.
  • Во зимски сезони при користење зимски одмор и сл.
  • При одржување на музички концерти
  • При одржување на помасовни случувања
  • При поскапување на горивото
  • При нестандардни дестинации
  • При спортски натпревари
  • и др.
- Реклама -