Промовиран вториот туристички спот за Македонија (видео)

tn1_prsten.jpg Новиот
спот за туристичка и културна презентација на Македонија, наменет да се
емитува на светските ТВ канали, денеска беше промовиран во Скопје.


Новиот
спот за туристичка и културна презентација на Македонија, наменет да се
емитува на светските ТВ канали, денеска беше промовиран во Скопје.

Продукцијата на спотот е на Пристоп МК, автор на спотот, сценарист и режисер е Игор Иванов-Изи.

Оваа
видео презентација е замислена како своевидно патување низ природните
убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на Република
Македонија.

Спотот го работеше 80 члена интернационална екипа
составена од врвни филмски професионалци од Македонија, Англија,
Хрватска, Словенија, Србија и Белгија.

Директор на фотографија е
Џајлс Натџенс (Giles Nuttgens), музиката е на Златко Ориѓански,
сценограф е Игор Тошевски, монтажер – Нина Велниќ, а костимите се на
Жаклина Крстевска и Бланка Будак.    извор: Макфакс

{youtube}FHwS5uEVPMg{/youtube}

- Реклама -