Полицијата запалила запленета марихуана, градот во облаци

marihuana[1]

Во петокот, жителите на Туранги во Нов Зеланд спиеја релаксирано и мирно, а за тоа треба да ѝ се заблагодарат на локалната полиција, чии припадници решија да уништуваат запленета марихуана така што ја запалија во близина на полициската станица, која пак се наоѓа близу до центарот на градот.

Жителите и посетителите на трговскиот центар ги дочека димна завеса, чиј мирис недвосмислено го оддава(л) нејзиното потекло. Адам Грин („grin“ во превод значи широко насмеан. Случајност?!) успеал да сними дел од атмосферата, а потоа видеото стана хит на интернет.

Светските медиуми не пропуштија да ја пренесат веселата вест, а и жителите на градот го пречекаа пропустот на полицијата со насмеани лица и нормално – сеир.

Во меѓувреме началникот се извини што димот се прошири подалеку отколку што очекувале.

„Им се извинувам на сите во име на целата станица. За ова да не се повтори, отсега одлучивме да го промениме начинот на кој ќе ја уништуваме марихуаната“, рече Варвик Морехју.

Едно е јасно, не го гледале скечов:

- Реклама -