Пронајдено „чудовиште“ на дното на Лох Нес

loh_nes_sonar[1]

„Нашата експедиција го пронајде прочуеното чудовиште. Иако личи на Неси, тоа не се остатоци од чудовиштето за кое цел свет зборува повеќе од 80 години, туку неговата филмска макета“, благо разочарано изјави портпаролот на шкотската туристичка организација, која ја поддржува потрагата за „недофатниот и симпатичен монструм“ во водите на Лох Нес.

Подводниот робот на експедицијата успеа да фотографира досега неистражени делови од дното на шкотското езеро, каде на длабочина од околу 180 метри ги пронајде остатоците од филмскиот реквизит. Станува збор за макета долга околу 9 метри, која беше искористена за снимање на „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, на американскиот режисер (со австриско потекло) Били Вајлдер, од 1970 година.

На 21 април, чудовиштето од Лох Нес „ќе полни“ 82 години, бидејќи токму тоа е денот кога во далечната 1934 година, британските медиуми ја објавија првата наводна фотографија од Неси.

The Private Life Of Sherlock Holmes
Од филмот
- Реклама -