Според критериумите на жените, совршениот маж не постои. Според критериумите на мажите, совршената жена не постои. Според критерумите на Денвер Пост, не постои совршениот новинар.
Во понеделникот, The Cannabist – револуционерен специјализиран вебсајт за марихуана и сé околу марихуаната, објави оглас за новинар кој ќе пишува стории и статии за тековната борба за легализација во другите земји во САД и Канада (во Колорадо, од каде што потекнува весникот Денвер Пост, е легализирана уште од 2014), за бизнисот на одгледување и продавање на марихуана, рецепти базирани на марихуана, како и ривјуа и критики за продукти и „опрема“ за пушење марихуана. Работниот опис вклучува и искуство со „self-created visuals“ (по нашки – работа со слики и графикони, по треварски – трипови и халуцинации).
Има само еден огромен проблем: сите заинтересирани кандидати ќе мораат да го поминат тестот за дрога (значи: да не користат дрога), како што е редот и со сите други кандидати за било која позиција во Денвер Пост.
Од друга страна па, првиот аргумент на секој што пафка е: „па марихуаната не е дрога“, така да, очекуваме дека огласот ќе има добар одѕив.