Секое диво животно си има своја финта на преживување, ама некои имаат полуди стратегии од другите. Да ги земеме за пример дивите планински кози – тие се имаат развиено на начин што им овозможува да живеат на еден од најчудните и тешко пристапни терени во природата – стрмните карпи.
Некако малку логично е да си го закачиш животот на конец на некоја вертикална карпа со цел за да го сочуваш и некако поверојатно е дека козиве се луди или на тешки дроги, ама ова нивно однесување се должи на фактот што вертикалните ѕидови по кои висат како магнети на фрижидер си имаат и добри страни, како што велат самите тие. Тука спаѓаат заштитата од земните предатори, плус храна, плус минерали. Суровите ветрови кои бришат по карпите ги соголуваат и од евентуалниот снег и ги откриваат и најиздржливите треви кои растат во овие области, заедно со минералните соли кои козиве обожаваат да ги лижат (аха соли, сигурно).
Океј, дај да видиме како им успева. За разлика од коњските, нивните копита се поделени, што им овозможува да ја дистрибуираат тежината и да се вкопаат во земјата. Рабовите на копитата им се цврсти, а внатрешниот дел – помек. Благодарение на тоа, тие се „закачуваат“ во минијатурните рабови по карпестите падини. Некои видови имаат и груби, нерамни парчиња кожа меѓу копитата, што дополнително им помага да се задржат на карпите.
А да, кога ќе се предозираат знаат и да се понашаат како птици: