Најстариот хотел во светот постои 1311 години

901455-1000-1459173075-1
 Најстариот хотел на светот е Нишијама Онсен Кејункан, кој се наоѓа во селото Хајакава во провинцијата Јаманаши во Јапонија. Изграден е дури во 705 година од нашата ера. Со други зборови – годинава хотелот слави 1311 години постоење. Од денот кога е изграден, хотелот бил затворен само кога требало да се направат поправки.

Декориран е во традиционален јапонски стил, но располага со секакви модерни удобности. Тука не спаѓаат телевизија или интернет пристап – сепак хотелот е изграден на топли минерални извори и е место за одмор и за наоѓање на душевен мир.

Тука можете да уживате во долги прошетки по планинските патеки, да се искапете во локалните топли извори и што ли уште не.

Жешките кади се полнат од локалните топли извори и се заштитен знак на хотелот.

1_501

Објектот се наоѓа во планинска долина. Соодветно – сите прозорци гледаат кон врвовите во областа. Совршен поглед додека уживаш во појадокот.

2_494
Менито на ресторанот изобилува со традиционални јапонски јадења.
3_489
Топлите извори се искористени и за централно греење. Водата во хотелот исто така се извлекува од нив.
4_466
5_452
Располага со 35 соби. Декориран е целосно во традиционален јапонски стил. Во зависност од кој момент во историјата, во собите престојувале императори, самураи или воени началници.
6_436Хотелот е идеално место за медитација и изолација – далеку од вревата на градот.
7_413
Некои соби имаат пристап до сопствени камени базени. Ако ви здосади под туш, имате сауна.
8_401
Тоа што хотелот продолжува да работи и денес, доволно зборува дека неговите управители одлично се грижат за гостите. Меѓу персоналот постои традиција да си ја сакаат својата работа и да се гордеат со својот хотел. Приоритет им е и задоволство им е да обезбедат мир и тишина на секој кој има потреба од тоа.
9_387
- Реклама -