На 28 Март 1993 година, Тоти дебитираше за својот еден и единствен клуб. Навивачите на Рома сигурно овој датум ќе го запаметат како почеток на новата ера на нивниот клуб.
Имено, се работи за натпреварот Бреша – Рома кој заврши 0:2 со головите на Каниџа со глава и Синиша Михајловиќ, со прекрасен гол од слободен удар. Резултатот, головите, играта, па и победата на Рома сигурно отидоа во заборав, само поради едно. Само поради тоа што на тој меч за прв пат заигра еден 16 годишен анонимен дечко кој после 23 години стана синоним за главниот град на Италија, симбол за фудбал, но и синоним за лојалност, верност и преданост кон клубот. Беше тоа првата епизода од многу добро познатата серија „Принцот од Рим“.
Тоти со Рома освои, Скудето – 2001, Куп на Италија 2007,08, и СП во 2006 (Германија).