Ѝ ја срушиле куќата заради грешка на Гугл мапите

kukja

Има еден куп примери кога луѓе заминале сосема на погрешна адреса заради лоши мапи и грешки во GPS навигацијата, ама ваков, до овој степен – не.

Првично, семејната куќа на тексашанката Линдзи Дијаз во Роулет беше оштетена во налет на торнадо, неколку дена по Божиќ. Оттогаш наваму, семејството работеше на поправка на штетите. Ама живот е кучка, па сега нивната куќа е срушена до темел, и тоа од булдожери испратени од една градежна компанија.

Компанијата се правда дека катастрофалната несреќа настанала поради грешка во Гугл мапите, а до забуната дошло заради замена на адресите. Имено, Линдзи со семејството живее на улица Калипсо 7601, а на мапата на Гугл, истата локација е прикажана со адреса ул. Косто 7601, која е адресата на која требало да биде обавено рушењето.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Несреќницата си ја отвори душата за медиумите и изјави дека се враќала од работа и додека била на пат кон дома, соседката ѝ се јавила да ѝ соопшти дека куќата ѝ е срушена. А токму минатата недела, женава поднела барање за дозвола за големи санирања на куќата и доизградба на нови делови…

- Реклама -