Како лизгавиот под му ја одзама кариерата на еден од најдобрите голмани во Југославија?

Приказната е посветена на големиот  голман на Војводина, а подоцна и на Црвена Ѕвезда, Александар Коциќ кој беше таков малер за да му се случи една од најбизарните повреди.

sp-kocic

Со еден збор кажано, сигурен голман. Роден е во 1969 година во Власотинце, каде што ја започна кариерата во локалниот клуб. Подоцна се преселува во Дубочица, а со славата почнува да се здобива со почетокот на 90-тите години, кога станува член на Војводина. Нови Сад беше супер прилика за неговата афирмација, иако веќе го имаше направено своето деби за селекцијата на Југославија. Оттука, на европскиот пат тргна преку Леванте и Перуџа до Емполи. По повеќе од две години поминати во странство, тој одлучи да се врати во Белград и да потпише договор со Црвена Ѕвезда. Со црвено-белите освои две национални титули, со што се врати во репрезентацијата на Југославија во квалификациите за ЕП 2000 во Белгија и Холандија.

Александар Коциќ бранеше на два натпревари, против Хрватска во Белград и Република Ирска во Даблин. Тогаш на голот се менуваше со Ивица Краљ. Селекторот Вујадин Бошков беше во постојана дилема кој од овие двајца голмани да го впише во стартната постава на Европското првенство, па се чинеше дека до гол линијата тогаш поблиску беше Коциќ со оглед на неговата феноменална форма како и самиот факт дека Црвена Ѕвезда ја освои шампионската титула.

Сепак, само неколку дена пред да тргнат на патот кон Бенелукс се случи нешто што во фудбалот се случува еднаш во сто години. Александар Коциќ отиде да се тушира, се лизна во бањата и го скрши палецот.

Европското првенство за искусниот голман остана само сон, а го замени Ненад Лукиќ, голманот на Обилиќ. Ивица Краљ се врат на „бр. 1“.

Навистина, ова се случува еднаш во 100 години. Не знам како успеав токму пред пат да паднам и целиот напор да отиде во ветер.  Немам среќа, тоа е животот и треба да се помирам со тоа… Верувам дека со победите, моите другари ќе ми  ја ублажат болката, рече тогаш Александар Коциќ.

Југославија на Европското првенство ја помина групата во која уште играа Шпанија, Словенија и Норвешка, но во четврт-финалето беше декласирана од домаќинот Холандија.

Александар Коциќ бранеше и во квалификациите за Светското првенство 1998 година во Франција, а со своите одбрани особено го привлече вниманието на натпреварот против Шпанија во поразот 2:0.

- Реклама -