Сината лагуна на Исланд

anons_252

Убавиот и таинствен Исланд е познат по многу нешта, најмногу по своите гејзери, суровата клима и Бјорк. Од друга страна, сите чуле за Сината лагуна, ама малкумина знаат дека таа исто така се наоѓа во Исланд.

Ова место е вистински рај на земјата. Дефинитивно ќе си ја пишеме во листата на туристички дестинации што треба да ги посетиме пред да скинеме конци.

Сината лагуна е уникатен, природен надворешен базен. Таа исто така е и светски познат спа-центар. National Geographic ја вклучува во листата на 25-те светски чуда.

3_424[1]

Во 1976 година таму е изградена геотермална централа, а појавата на топлото езеро се должи на природни процеси.

Според легендата, лековитите својства на водата на езерото ги открил исландски енергетски специјалист, кој страдал од псоријаза. Пливајќи во лагуната, тој успеал да се излекува.

1_428[1]
Водата има уникатен хемиски состав кој вклучува минерали, силициум диоксид и алги. Светло-сината боја се должи на силициум диоксидот. Но, бојата на водата исто така и се менува при различни метрологични услови. Може да варира од тонови на сина до светло-зелена.

Силициум диоксидот создава и бел талог што формира терапевтска „глина“ на дното на езерото.

2_425[1]

4_402 5_386 6_372 7_354 8_343 9_332 10_320 anons_252

- Реклама -