Храна за подобра плодност на мажите

Ако се обидувате да забремените, здравата исхрана е важна за двата партнера. На вашиот репродуктивен систем му се потребни есенцијални витамини и минерали за ефективна функција на хормоните и за продукција на сперма, а истите можат да се добијат само од храната што ја јадете.

Семки од тиква

Семките од тиква се богати со цинк и есенцијални масни киселини. Јадете до 100 грама дневно за да постигнете најдобар ефект.

Зелен-листест зеленчук

Пробајте да го вклучите овој тип на зеленчук во секојдневната исхрана. Според некои нитриционисти, спанаќот е најкорисен, но ако зеленчукот е зелен и со зелени листови тогаш тој е богат со фолна киселина, есенцијална состојка за здрава сперма. Зеленчукот исто така содржи железо и витамин Ц, кои го подобруваат квалитетот на спермата, како и антиоксиданси кои ве одржуваат здрави.

Ориз и овес

Оризот и овесот се богати со витамин Б и Е, кои се есенцијални за репродукција на клетките, здрава продукција на сперма и хормонален баланс.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Полномасни млечни производи

Можеби звучи и чудно со оглед на сè што сме научиле за здравата исхрана, но полномасните млечни производи се богати со калциум кој го подобрува здравјето на нервниот систем, коските и крвта.

Риба

Лососот и сардините се богати со омега-3 и омега-6 масни киселини, кои го подобруваат квалитетот на спермата како и здравјето на репродуктивниот систем.

Мед

Медот е добро познат по тоа што ја зголемува плодноста бидејќи е богат со минерали и аминокиселини кои се екстремно корисни за репродуктивниот систем.

Авокадо

Авокадото е одличен извор на витамин Е, кој е есенцијален за фертилноста. Исто така е моќен антиоксиданс кој ја подобрува вијабилноста на спермата. Авокадото е и добар извор на незаситени масни киселини кои се клуч за доброто хормонално функционирање. Ако не сакате да го вклучите авокадото во исхраната, маслото од маслинки и од орев се добра замена.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -