Прљавиот Фелаини

felaini3

Синоќа следевме уште еден одличен натпревар во Лигата на Европа, помеѓу вечните ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1:1, а Ливерпул ја продолжи екскурзијата низ Европа.

Ако во првиот меч, и покрај прекрасните голови и феноменалната игра на Ливерпул, Фелаини ја имаше главната улога со делењето лактови и клоци, сега регистриравме само еден лакт, и тоа врз Фирмино.

Имено, во првиот натпревар играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, ги загуби нервите уште во првото полувреме кога проба да го шутне Морено непосредно до аут линијата, и пред очите на линискиот судија, па имаше уште неколку „нечисти“ дуели во текот на натпреварот меѓу кои и оној со Емре Џан.

Овој потег на Фелаини беше дополнително разгледуван, па играше и веројатноста дека ќе биде казнет на реванш натпреварот кој се одигра вчера, а Јунајтед беше домаќин. Ај што не беше казнет, и си продолжи по негово…

Сигурно се сеќавате и на дуелите помеѓу Фелаини и Шоукрос пред 2 сезони, на натпреварот помеѓу Евертон и Стоук.

Еве и една компилација …

Во секој случај станува збор за фудбалер кој би сакал да го има во своите редови речиси секој менаџер, со оглед на неговата конституција, подвижност и фудбалска интелигенција. Но сепак, со неколку „дебели“ санкции поради валканото однесување на теренот, арбитрите би му потпомогнале во процесот да стане комплетен играч.

felaini5

Generated by IJG JPEG Library

felaini3 Marouane Fellaini felaini felaini6

- Реклама -