Кога Ѕвезда му одржа лекција по фудбал на моќниот Ливерпул

1973 година, во второто коло од тогашниот Куп на европски шампиони, Црвена Ѕвезда налетува на славниот Ливерпул. Во првиот меч кој се одигра на 24 Октомври на Маракана, белграѓаните славеа со 2-1 со головите на Јанковиќ и Бодичевиќ, додека голот за англичаните го постигна Ловлер. Реваншот се играше на 7 Ноември.

Ливерпул влезе во мечот како екипа која од 100 мечеви одиграни на Енфилд била поразена само 5 пати. Од друга страна пак ѕвездашите не ги интересираше традицијата, црвено-белите беа дојдени да се надигруваат. Им покажаа заби на силнити „црвени“.

Најпрвин Лазаревиќ во 60 минута постигна еврогол за 1-0. Голот сигурно ќе влезе во историјата на клубот како еден од најубавите, некогаш постигнати.

На 1-1 израмнува Ловлер, шест минути подоцна, и Ливерпул сите сили ги упатува кон голот на Црвена Ѕвезда. Сепак по налетите на Ливерпул, следеше ладен туш. Судијата досуди слободен удар за Ѕвезда. Јанковиќ ја зема топката, ја намести, шутна кон голот на Ливерпул, и ги натера англичаните да признаат дека сепак налетале на подобар противник.

Уживајте…

- Реклама -