Некласични „џебни“ викендички за одмор

Не е сé во големината… на викендицата. Кога сé ти е смачено и потребно ти е бегство, доволно е да ја отвориш перцепцијата и да црпнеш од изворот на иновативноста. А тогаш, настануваат вакви нешта:

    1. Оваа монтажна викендичка е создадена од португалска компанија. Може да се расклопи и пренесе каде и да посакаш, со помош на мал камион. 3_388 2_390 1_390
    2. Овој уникатен дизајн е дело на Стивен Тарнер. „Викендичкава“ е целосно независна од водоводната и електричната мрежа. Лесно пренослива е од едно место на друго, а додека плови по реката, произведува своја енергија. Првично е создадена со цел изучување на плимата, но дефинитивно изгледа како пријатно место за работа и одмор. 4_368 5_353 6_3403. Иако овој контејнер-викендица е помал од просечната гаража, нуди удобност за три лица. 7_322 8_312 9_3024. Дизајнерите на оваа куќичка тргнале со идеја да го направат својот живот меѓу природата што попријатен. Формата и темелот се специјално прилагодени за планински терен, а огромните прозорци овозможуваат уживање во природната глетка.10_292 11_259 12_2435. Оваа куќа во Англија има сè од што би имале потреба во еден дом – дневна соба, спална, бања, а дури и тераса. Сето тоа во 30 квадратни метри. Уште ако имате добар поглед – совршено. 13_228 14_201 15_182
- Реклама -