Некогаш човек не прифаќа „НЕ“ за одговор, макар дошло и од власта. Белгиецот Ерик Векемен побара дозвола да изгради гаража. Му рекоа „не може“ бидејќи гаражата не е во согласност со законот за заштита на изгледот на градот. Векемен се снајде – направи гаража што изгледа како вообичаен излог на продавница.
Изгледа како да е многу работа за да се отвори гаражата, ама требаат помалку од две минути. Ма и 5 да се, вреди за вака извојувана победа!