Како Гугл го доби името

google-logo[1]

Основан во 1998 година од Сергеј Брин и Лери Пејџ, во меѓувреме Гугл стана најголемиот енџин за пребарување во индустријата. Но за неговото денешно име, кое првично гласеше BackRub, треба да му се заблагодариме на едно дете.

Во 1995, Лери Пејџ го посетува Стенфорд. Има дипломирано на Универзитетот во Мичиген и сега размислува да студира на престижниот универзитет. Сергеј Брин е тој што го води на тура низ кампусот. „Според некои сведоштва, тие имаат несогласувања на речиси сите теми при оваа прва средба“, вели Гугл.

Веќе во 1996, Пејџ и Брин заеднички работат на енџин за пребарување наречен „BackRub“ („масажа на грбот“). Во 1997, решаваат да го преименуваат во нешто друго. Решаваат да искористат игрива варијанта на математичкиот израз „googol“, кој означува број создаден од цифрата 1 следена од 100 нули. „Изборот на терминот ја означува нивната мисија да создадат речиси бескрајна количина од информација на мрежата“, вели Гугл.

А терминот „googol“, пак, е дело на мозокот на еден 9-годишник – Милтон Сирота, внук на математичарот Едвард Каснер, кој предавал на универзитетот Колумбус. Во 1938-та, Милтон и чичко му Ед зборувале нешто околу математиката, а професорот го прашал да измисли име за многу, навистина многу долг број. Одговорот веќе го знаете, а Каснер без двоумење ја прифатил забавната сугестија и продолжил да ја користи во пракса. Така и ќе доведе до популаризација на терминот – преку една од неговите книги.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome
psvl8cf5ki3iuimjgx9b[1]
Едвард Каснер, математичарот.

Веќе до 1998 Google зема залет. Во август, Брин и Пејџ добиваат чек од 100.000 долари, за да почнат со работа. Чекот е на име на „Google, Inc.“. Пејџ и Брин почнуваат да работат од гаражата на Сузан Војцицки, во септември. Денес, таа е постар заменик претседател на рекламирање во Гугл. Денес, таа е извршен директор на Youtube. Кога чекот ќе биде реализиран, Пејџ И Брин го најмуваат првиот вработен – Крег Силверстајн – компјутерски дипломец што го познаваат од Стенфорд. На 27 септември 1998 година, Гугл и официјално станува официјален.

Милтон Сирота, за жал, починува во 1980-тата. Но ете, неговото наследство се провлекува во секој момент од денешниот живот.

- Реклама -