Един Џеко се сели на Сан Сиро

Екипата на Милан цврсто е решена во своите редови за новата сезона да го донесе босанскиот напаѓач Един Џеко.

Откако ова лето останаа без Златан Ибрахимовиќ „Росонерите“ го посакуваат ангажманот на Џеко, па според пишувањата на италијанските медиуми, деновиве ќе следат и финалните преговори на раководството на Милан со тимот на Манчестер Сити.

Олеснителна околност за „Миланезите“ да ги добијат услугите на Босанецот е и фактот дека тој немаше соодветна минутажа меѓу „Граѓаните“ претходната сезона, па иако Манчини истакна дека го сака неговото останување во клубот сепак Џеко е подготвен да замине.

„Јас сакам да играм а не да ја греам клупата. Милан би била одлична средина за мене“ изјави Џеко.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -