Мајсторијата на Марадона што ја крена цела Маракана на нозе

maradonnaa

Ждрепката за вториот круг на Купот на победниците на куповите во сезоната 1982/83 сакаше во Белград  да дојде европскиот гигант Барселона.

Во редовите на тимот од Каталонија нешто претходно пристигна Диего Марадона. Токму тој ги доведе Каталонците во водство во десеттата минута од натпреварот, и тоа со удар со глава.

Сепак, вториот гол е она што ќе остане забележано во историјата на стадионот на Црвена ѕвезда како еден од најубавите фудбалски моменти во историјата. Се играше 48-та минута од натпреварот. Марадона ја прифати топката на средината на теренот, ја повлече до шеснаесетникот, и кога сите очекуваа да ја пукне или да ја пласира, се случи магија, еден од најубавите лоб удари, еден од најубавите голови некогаш видени на Маракана.

Реакција на публиката – аплауз од над 90.000 навивачи.

Уживајте во мајсторијата…

- Реклама -