Кога децата во Данска ќе прашаат како се прават деца

Данците не се фолираат околу воспитувањето на децата (ви препорачуваме да читнете „Како ги растат децата во Данска?“, ако сте пропуштиле). Се чини дека добро знаат што прават и дека ги третираат со респект, како млади луѓе, а не како идиоти. Така е и со сексот. Данците веруваат дека користењето на соодветни изрази кога со нив зборуваат за човековото тело е од витално значење и дека промовира „позитивна слика за сопственото тело, самодоверба и подобра комуникација меѓу детето и родителот“.

Таков пример е и Сара, чии родители се доселиле во САД од Данска. Тие биле комплетно искрени со неа околу сексот. Кога прашала од каде доаѓаат бебињата, немало финти со штрк-мрк – нејзините и ја покажале следнава книга за деца:

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-19

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-110

„Таткото и мајката многу се сакаат и сакаат да бидат многу, многу блиски. Некогаш кога таткото се чувствува многу заљубено, пенисот му станува поголем.“

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-15

„Тестисите на таткото се исполнети со сперматозоиди. Кога тој води љубов, тие излегуваат од врвот на пенисот. Се движат низ вагината на мајката во тесен ходник во абдоменот на мајката наречен утерус, или матка. Некогаш таму има мало јајце, внатре во мајката, а сперматозоидот му се приклучува.“

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-2

„Ако сперматозоид се приклучи на јајцето (овум), заедно тие можат да пораснат во бебе внатре во матката на мајката. Мајката и таткото сé уште не знаат дали тоа се случило“.

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-4

„Како што бебето расте поголемо, абдоменот на мајката исто така расте поголем. Сите овие месеци, таткото е многу горд на мајката. Тие заедно ја споделуваат возбуденоста од чувствувањето на првите движења на бебето внатре во својата мајка, и ги бројат деновите додека бебето не биде родено.“

danish-sex-education-where-babies-come-from-books-10

„Тогаш излегуваат рацете. Кога бебето е целосно родено, докторот ја сече папочната врвка која му носеше храна на бебето сето ова време, бидејќи повеќе не му е потребна.“

Сара има 20 години. Вели дека не може ни да го замисли ужасот ако била во ситуација да изгуби невиност без да ги знае сите тие работи што ги научила од родителите.

- Реклама -