Интересна прикаска за Роналдињо пред мечот против Реал

ronaldinho
Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста пред некој ден откри една интересна прикаска во врска со Роналдињо во времето кога беа соиграчи на „Камп Ноу“.

Иниеста призна дека Бразилецот во една прилика го повикал во три часот наутро!

„Неколку дена пред „Ел Класико, Роналдињо ми се јави во ниедно време и ми рече: „Андрес, знам дека е три часот наутро, но морам нешто да ти признаам. Во текот на летото заминувам, брат ми се договори да прејдам во Реал. Сумата е боли глава, не можам да ги одбијам. Ти си млад, можеш да ме разбереш. Те молам, за ова на никого! Не зборувај за ова ни во соблекувалната ни пред управата. Тебе ти верувам најмногу. Разговорот завршил со „Добра ноќ, од страна на Роналдињо“, изјави Иниеста.

„Роналдињо не ми даде шанса да одговорам бидејќи, штом го заврши монологот ја спушти слушалката“. „Следниот ден сите бевме на тренингот. Имаше чудна тишина“, се сеќава Иниеста и продолжува: „На денот на Ел Класико, непосредно пред излегувањето на „Сантијаго Бернабе“, Роналдињо ни се обрати: „Дечки, денес  играме битен натпревар, тие се силни, ние функционираме како семејство. Ви се јавив на сите за да ви соопштам дека во јуни заминувам и никој од вас не ме провали. Јас ќе останам тука уште долго време, сега излегуваме на терен за да им одржиме лекција на овие од Мадрид. Таа вечер им даде два гола и доби овации од навивачите на Реал“.

Тој Ел Класико ќе биде запаметен по неверојатната претстава на Роналдињо, веројатно најдобрата во неговата кариера и една од најдобрите во историјата на најголемото шпанско дерби.

Се сеќавате ли на ова?

- Реклама -