Неодамнешното потсетување на Димитар Илиевски – Мурато како да беше увертира за подвиг што допрва следи. Македонецот д-р Глигор Делев, кој живее и работи во Канада, се обидува да го освои Монт Еверест и вчера напладне со експедицијата се искачи на 7.800 метри. Делев ќе се обиде да се искачи на Монт Еверест од северната страна, многу потешка, каде ветерот е посилен и најголемата опасност за сите алпинисти е „втората скала“ на височина од 8.600 метри. Дали по вторпат на највисокиот врв на светот ќе се завиори македонското знаме, ќе дознаеме следниве неколку дена. [Утрински] Update: Горан ни прати сторија за британецот Бир Грилс кој во понеделникот летал 140 метри над највисокиот врв на светот, на височина од 8.850 метри.