Кога Раул тресеше…

На денешен ден (12 февруари 2003), Раул Гонзалес постигнува два погодока на пријателската со Германија и станува најдобриот стрелец на шпанската репрезентација.

Раул играше цели 16 сезони за Реал Мадрид, а во 2010 премина во редовите на Шалке. Првиот настап за Шпанија го имаше во 1996-тата година. Во првите 3 години постигна само 5 гола, но распали во 1999 кога во една година успеа да постине 10 гола, нешто што му се случило само нему.

Нормално дека никогаш не успеа да ја повтори таа сезона, ама затоа продолжи со феноменалните настапи и во 2002 заслужено ја облече капитенската лента.

Пријателската со Германија се играше во Мајорка, непосредно пред квалификациите за ЕП 2004. Тој го отвори натпреварот во 30-тата минута. Тоа беше 30 гол за него и со тоа го престигна неговиот тимски колега Фернандо Јеро кој имаше 29 постигнати гола. Фреди Бобиќ израмни на 1-1, па во 77-мата Раул од пенал постигна втор гол за 2-1 за Шпанија. Гути ја потврди победата од 3-1 нешто пред крајот.

Како тоа го правеше Раул …

Раул постигна вкупно 44 голови во периодот од 1996 до 2006, кога им стави крај на репрезентативните настапи.

Давид Виља е единствениот кој успеал да го премине со дури 59 гола за репрезентацијата на Шпанија (2005-2014).

Најдобри стрелци:
Давид Виља – 59
Раул Гонзалес – 44
Фернандо Торес – 38
Фернандо Јеро – 29
Фернандо Мориентес – 27

Со Реал освои 3 Лига на шампиони (98,00,02), 6 Примери (95,97,01,03,07,08),
Ќе го паметиме по реткото чувство за гол. Уживајте…

- Реклама -