Сам свој дизајнер

Во секој дом има барем неколку еднобојни порцелански чаши. Бидејќи денеска се отворивме со креативни содржини ќе ви покажеме три идеи за занимација и украсување според вашиот личен вкус.

Фенси чаша

0080636001454416598_0

Имате потреба од: лепак, четка, безбоен лак за нокти и светки.

Изберете кое место сакате да биде светкаво и намачкајте го со лепак.  Потоа наредете светки во саканата боја и оставете да се исуши добро. За да го забетонирате, одозгора премачкајте ја светкавата површина со безбоен лак.

iШолја

0108967001454416602_0

Испринтајте го познатото јаболко на Apple (или друга форма), по што треба да го поставите логото врз чашата. Земете маркери во разни бои и цртајте. Откако ќе го одлепите листот вашата нова шолја ќе биде готова.

Мермерен ефект

0310104001454416600_0

Имате потреба од: сад со вода, лак во разни бои, дрвена чепкалка

Истурете лак во садот со вода. Лакот рашарајте го низ површината на водата со чепкалка. Потоа потопете ја чашата на неколку минути, извадете и оставете да се исуши.

- Реклама -