Да не си автомеханичар, да немаш кола и да не свириш во бенд, а да живееш во гаража не звучи нешто познато.
Сепак, кога е архитектурата во прашање со добра идеја секој простор може да се прилагоди за живот.
Mишел де ла Вега се опишува себе си како мултидисциплинарен уметник, дизајнер, па дури заварувач, но не и како архитект. Иронично е тоа што стана познат токму по достигнувањата во архитектонската уметност.
Мишел решава да ја претвори старата, валкана и неупотреблива гаража, во пријатно живеалиште, кое може да функционира како самостоен стан погоден за изнајмување на студент или млад пар.
Поголемиот дел од мебелот во гаражата е стар, но вратен во нов живот со претапацирање или лакирање.