Наспроти очекувањата да заврши во редовите на Манчестер Сити, според последните пишувања на англиските медиуми најдобриот фудбалер на Арсенал, Робин ван Перси би можел од ова лето да се пресели во редовите на Јувентус за рекордна понуда од 90 милиони евра.
Според најавите, од раководството на „Старата Дама“ се подготвени да му платат 30 милиони евра на Арсенал, плус петгодишен договор за Холанѓанецот со заработка од 220.000 евра неделно.
Интересно е што само пред пет дена од италијанскиот табор нагласија дека Ван Перси е прескап и немаат намера да издвојат толку средства за негов ангажман. Сепак следува промена на нивното размислување во обидот да ги засилат редовите за настапите во Лигата на шампионите.
Медиумите од Островот информираат дека од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, кои исто така се заинтересирани за услугите на Холанѓанецот, немаат намера да се тркаат со една ваква понуда.