Чиуне Сугихара – „Јапонскиот Шиндлер“

p14-pulvers-sugihara-a-20150712-870x538[1]

Веднаш до преполниот „Старбакс“ во Литл Токио во центарот на Лос Анџелес, стои бронзена статуа на човек во одело што држи мало парче хартија. На основата е изгравирана фраза од Талмудот: „Тој што ќе спаси еден живот, го спасил целиот свет“. Ликот на статуата е оној на Чиуне „Семпо“ Сугихара, кој кај тие што ја познаваат неговата сторија е попознат како „јапонскиот Шиндлер“.

3712949063_16c4ed9538_b[1]

Тој бил јапонскиот дипломат кој во 1939-тата бил задолжен да отвори конзулат во Каунас, Литванија. Но, животниот пат ќе го одведе Сугихара да работи против својата влада и да го изложи сопственото семејство на ризик: дипломатот ќе издаде 2.139 транзитни визи на околу 6.000 Евреи кои пребегаа во Литванија откако нацистите ја нападнаа Полска. Ако не беше тој, многу е веројатно дека тие 6.000 Евреи исто така ќе се соочеа со егзекуција. Денес, илјадници поминуваат покрај статуата во Лос Анџелес, не знаејќи баш ништо за јапонскиот херој. За него не се зборува ниту во Јапонија, барем не надвор од префектурата Гифу, родното место на Сугихара.

Statue "Chiune Sugihara"

Од скоро, неговата запоставена приказна оживеа на големото платно, во форма на емотивен и моќен биографски филм, режиран од американецот со јапонско потекло – Селин Глак, насловен „Persona Non Grata“.

Спасување Евреи, па сега филм… има премногу сличности со приказната на Оскар Шиндлер. Но, за разлика од Шиндлер – прочуениот германски индустријалист кој спасуваше Евреи заради профит, или шведскиот дипломат Раул Валенберг кој беше испратен во Унгарија со конкретна задача да спасува Евреи, Сугихара немаше никаква јасна причина, барем не материјална – за да спасува животи – единствено беше воден од својата емпатија и човечност.

visasСе проценува дека денес има повеќе од 40.000 живи потомци на Евреите што ги спасиле рачно пишаните визи на Сугихара. Откако на крајот бил отпуштен од Јапонското министерство за надворешни работи, тој живеел тивок и скромен живот, далеку од очите на јавноста. Дури кога еден од спасените Евреи успеал да му влезе во трагата, Сугихара бил повикан во Израел и официјално бил прогласен за херој. Тој е единствениот Јапонец носител на „Righteous Among the Nations“ (награда за не-Евреи кои ги ризикувале животите за да спасат Евреи од нацистите), титула што израелската влада му ја додели во 1984-тата, само две години пред неговата смрт.

„Најмногу сум трогнат од фактот што Сугихара го направил сето тоа воден само од сопствената волја и без никаков надоместок, освен оној на совеста. Не се обиде да се претстави како херој – само го направи сето тоа што можеше и чувствуваше дека треба да го направи“, има изјавено Глак. Според него, да беше денес жив, Сугихара можеби ќе ги прифатеше признанијата, но со голема понизност и скромност, избегнувајќи го секој обид да биде поставен на пиедестал. И токму во тоа е големината на хуманиот човек.

- Реклама -