Новак Ѓоковиќ во едно прилично досадно и безлично финале, го победи Британскиот тенисер Енди Мареј. Натпреварот траеше нецели три часа, а Србинот славеше со 3-0 во сетови и тоа 6-1,7-5,7-6.
Во првиот сет Ѓоковиќ го демолираше Мареј со 6-1, па се чинеше дека мечот ќе трае кратко. Но, сепак во вториот сет работите се изменија откако Мареј покажа далеку поагресивна игра, па кога се чинеше дека ќе ја круниса со сет, тогаш Ѓоковиќ уфрли во 3-та брзина. Тој на 5-4 за Мареј сервираше за да остане во сетот, а по 5 минути, сервираше за сет.
Ноле поведе со 2-0 во сетови и веднаш направи брејк во третиот сет, Мареј кон средината на сетот го врати брејкот, па така, гем за гем, влегоа во тајбрејкот кој му припадна на Србинот.
Се играше напната, дефанзивна игра, со многу безбедни удари, слајсови и топки по средината, едноставно играа на грешка на противникот. Грешеа и двајцата, но Мареј нешто повеќе. Во главно Мареј имаше слаб ден, а ни Ѓоковиќ не играше на посакуваното ниво.
Финалето на првиот ГС за 2016 му припадна на Ѓоковиќ и ова е негов 6 триумф на Австралиан Опен, и 11-ти воопшто.
Сега се израмни со Рој Емерсон во Австралија, но и со Бјорн Бјорк и Род Лејвер во вкупен број на ГС титули.
Со овој трофеј тој се наоѓа на 3 титули од Надал и на 6 до Роже Федерер.