Најлуксузните места во светот

Кога се работи за места за одмор, личните преференци се клучни за да се одбере совршената комбинација но, откога ќе ги погледнете 10-те најлуксузни места на целиот свет, сигурна сум дека нема да ви пречи доколку некој ве испрати на било која од овие локации… уживајте и ви посакувам во животот сите да ги видите:

1. Палата на Емиратите, Абу Даби

Оваа застрашувачки луксузна палата има 394 соби, цел еден свет посветен на базени и водени површини,  мермер донесен од 13 различни земји во светот, приватна плажа со бел песок и преку 1.000 кристални лустери. Палатата на Емиратите е место кое може да ги задоволи желбите и на најпребирливите и да ги замолчи и најумислените. Ова здание чини „само“ 3 милијарди долари.

2. Палатата Мардан, Турција

Изградена во 2009 година оваа палата го чинела турскиот милионер, Телман Исмаилов, 1,65 милијарди долари. Овој хотел се смета за еден од најлуксузните хотели во светот кој исто така го поседува најголемиот базен на Медитеранот кој собира неверојатни 1.000 гости. Комбинацијата на злато, кристал и италијански мермер ја прави оваа палата единствена од својот вид. Замислете какво е чувството да престојувате во хотелот во кој биле донесени 9.000 тони бел песок од Египет само за да се направи плажата!

3. Маркиз, Лос Кабос

Создаден е по легендата која вели дека во Лос Кабос ангелите барале засолниште. Со неверојатен поглед кон отвореното море, хотелот Маркиз ги измамува и луѓето и ангелите. Ако не ве придобијат специјано изработените скулптури и огромните водопади тогаш сигурно ќе ве придобие фактот што ќе му бидете соседи на Џорџ Клуни. Зарем уште не сте тргнале?

 

4. Атлантис, Бахами

Изграден во чест на загубениот град, овј комплекс е прогласен за најдобриот на Бахамите. Меѓутоа, поркај сите привилегии што ви ги нуди ивиј комплекс сепак, кралскиот апартман е она за што секој човек сонува. Високите тавани, сала за вечера која сместува 22 личности, лустерот од 22 каратно злато и прозорите по целата должина на апартманот како да не се доволни… тука ќе ве пречека персонал од седум слуги, задолжени да ја исполнат секоја ваша желба 24 часа во денот. Решив дека ќе престојувам тука кога ќе добијам две лотарии едно по друго.

5. Палмс, Лас Вегас

Најпопуларен кај јавните личности, овој хотел е познат по животот на „висока нога“. Иако сигурно има исто толку привлечни места, зарем има подобро место за престој во градот на гревот од Небесната вила на Хју Хефнер. Овој апартман е како создаден за луда забава и исполнување на најлудите фантазии… Што се случува во Вегас, останува во Вегас. Ротирачки кревет, џакузи и базен на врвот од хотелот, сауна, спа и фитнес центар, стаклен лифт, вотка и мартини бар… кој спомна моминска вечер?

- Реклама -