Овој Доналд Трамп, стварно ли е толку добар бизнисмен?

donald-trump-is-still-soaring-in-iowa--but-there-are-now-some-clear-warning-signs[1]

Тоа што денес Доналд Трамп е кандидат за претседател на САД, во најголема мера се должи на неговиот успех како бизнисмен, а неговата популарност – на реалното шоу во кое бизнисменот уживаше да отпушта луѓе „Изборот на Доналд Трамп“. Токму неговото бизнис богатство му овозможи да го финансира подвигот со 1.8 милиони долари дадени од неговиот личен џеб.

Трамп е несомнено богат. Се проценува дека вреди некаде помеѓу 2.9 милијарди долари (според Bloomberg) и 4.5 милијарди долари (според Forbes). А во САД, статусот на мултимилионер е несомнено синоним за вештина и успех во бизнисот. Но, вистинската приказна за тоа како Трамп дојде до оваа позиција е фасцинантна и комплексна.

Наративот што самиот Доналд Трамп го промовира е, очекувано, онаа стереотипна сага за индивидуален успех наспроти сите очекувања т.е. остварување на вистинскиот „Американски сон“. И неговата, како и на многу други прославени бизнис лидери, е приказна за авантура во која нашиот херој ја совладува лошата среќа, се изборува со моќните интереси на владата и естаблишментот и ги решава сите проблеми и пречки со генијални и инспиративни идеи. Во таквата авантура, херојот речиси и да нема поддршка, освен кога сите се тука да ја признаат и пофалат интуитивната брилијантност на лидерот. Се разбира, претприемачот е како пират, безмилосен кога се работи за бизнис, ама сентиментален и морален кога се работи за луѓе кои „тоа навистина го заслужуваат“.

Trump-Apprentice-570x320[1]
Јас сум најдобар и непогрешлив, алфа и омега, а ти не си како мене – затоа: Отпуштен си!

Лесно е да се поверува во ваквата самопофалничка приказна, исто колку што е лесно и истата да се отфрли како самовеличање без основа. А всушност, таа е само резултат на очекувањата на масите за тоа како треба да изгледа еден лидер – лидер што ќе одговара на калапот што самото општество го има конструирано. Истражувањата докажуваат дека ваквата само-презентација е клучна за кредибилитетот на овој или оној лидер. Сите тие книги за лидерство се издадени не само заради суета или заради финансиска печалба – тие се наменети да го конструираат општествениот идентитет на „лидерот“ во фокусот. А онаа на Трамп, покрива колку што и открива.

Така, ако почнеме да копаме малку подлабоко од митот што самиот Трамп го презентира во своите говори и автобиографски книги, ќе најдеме некои изненадувачки податоци.

Трамп воглавно работи во бизнисот со недвижнини – купува и продава земјиште, гради, издава и продава згради и објекти. Од друга страна, бизнисот со невижнини не е од оние области кои се најпочитувани од обичниот човек.

Потоа постојат и финансиски факти, каде што приказната почнува да се компликува. Секој Американец со здрава меморија ќе потврди дека Доналд Трамп е роден во големо богатство и финансиска безбедност. Татко му, Фред, поседувал и раководел со неколку проекти за изнајмување на куќи во Њујорк Сити, а бил и контроверзен – архивите покажуваат дека Трамп постариот знаел да доделува и проценува имоти и врз расна основа.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп
trumpanddaddy[1]
Со татичко.

Користејќи ги семејните фундови, Трамп имал можност да студира економија на едно од најпрестижните бизнис-училишта во САД – Wharton. Кога дипломирал, Доналд не бил како другите дипломци – тој лично вредел околу 200.000 долари (денешни 1.5 милион), пред сé благодарение на работењето за неговиот татко. Наводно, овие пари не ги стекнал во форма на плата за неговото 4-годишно работење, туку тие пари биле генерирани како профит од капитални инвестиции (и генијалните потези на младиот Доналд).

По дипломирањето, на Доналд му била предадена контролата на компанијата за недвижнини на татко му, во 1974-та, кога Трамп имал 28 години. Отсекогаш било тешко да се одреди колкава е неговата вистинска вредност, но се проценува дека ако Доналд едноставно ги инвестирал своите акции во татковата компанија во заеднички фунд на берзата во 1974-та, тој денес ќе вредел 3 милијарди долари. А ако ги инвестирал тие 200 милиони долари на кои Forbes го проценил во 1982-та, Трамп денес ќе имал повеќе од 8 милијарди долари. Токму овие податоци се коренот на гласините дека Трамп ќе беше уште побогат ако не правеше ништо.

Сепак, реалноста е дека Доналд сработи доста. Имаше ролеркостер кариера, која подразбираше внимателно преговарање околу банкрот. Податоците покажуваат дека Trump Taj Mahal, прочуениот казино-хотел (чија изградба вредеше 1 милијарда долари) поднел барање за заштита од банкрот (познато како „Chapter 11“) во 1991-та; друг негов хотел поднел исто такво во 1992-та; па во 2004-тата цела една група од хотели-казина под негова сопственост речиси отиде во банкрот; потоа целата негова организација „банкротираше“ во 2009-та, а за малку истото ќе се случеше и во 2014-тата.

Taj_Mahal_Atlantic_City_New_Jersey[1]
„Таџ Махал“ – првиот хотел на Трамп што мораше да биде спасуван.

Се работи за специфична американска форма на банкрот, кој дозволува компанијата да работи дури и кога е реорганизирана и долгот е реструктуриран. Тоа е начин да се спаси бизнисот, за разлика од другите видови банкрот, кои наложуваат ликвидирање на компанијата. Во неговиот случај, банкротот е необична мерка за успех и поле на кое се чини дека Доналд имал многу среќа.

Така, едната приказна за бизнис успесите на Трамп е основана на неговата индивидуална генијалност, напорна работа и вештина. Друга сугерира човек кој го наследил семејниот бизнис и солидна сума на капитал и човек кој ја имал поддршката од законските регулативи на САД, кои охрабруваат „речиси банкрот“.

Колку всушност се големи личните постигнувања на Трамп? Веројатно само тој си знае (евентуално и татко му).

- Реклама -