Голем број девојки умеат преку облеката да го претстават не само својот вкус, туку и – расположението, чувството за хумор, шарм, власта или имагинацијата. Во модата денес ништо не е задолжително и се е прашање на личен избор. Но зад оваа демократија на стилот стојат трудот и дрскоста на големите дизајнери кои низ годините смело нуделе необични модни решенија, што останале актуелни и до денес. Никој од нас не го поседува оригиналот од овие модели, но сигурно сме ги виделе интерпретирани милион пати и имаме нешто слично во својата гардероба. Еве десет од фустаните, што останале засекогаш во историјата:
Фустанот на Маријано Фортуна
Во далечната 1915 година шпанскиот дизајнер Маријано Фортуна го создава овој слободен фустан без корсет, кој го нарекува Delphos. Тој е направен од ситно плисирана свила по модел сличен на грчките облеки. Слободните фустани остануваат актуелни и до денес, но можете ли да замислите каква револуција бил овој модел во време кога ниту една дама не го напуштала својот дом без да биде силно стегната во корсет.
Костумот на Шанел
Го ставаме на оваа листа, бидејќи костумот, создаден од Коко Шанел во 30-тите години на минатиот век ја променил не само модата, туку и положбата на жените во општеството. Големата Коко верувала дека жените треба да се облекуваат за сопствено задоволство и удобност и ги создавала моделите со таа мисла. Овој вечен костум, со крој точно под коленото (“колената се најгрдиот дел од женското тело”, вели Коко) и кратко палто, се шиеле од евтина ткаенина, која се сметала за премногу груба за изработка на машка облека. Денес тоа е апсолутна класика, а Карл Лагерфелд во Chanel претставува варијанти на овој костим секоја сезона.
Фустанот на Норман Хартнел за крунисувањето на Елизабета Втора
Веројатно најпознатата жена на планетата и најдолговечниот монарх на Велика Британија го облекла овој фустан само еднаш – на крунисувањето во 1953 година. Ова е осмиот обид на кралскиот дизајнер Норман Хартнел да изработи фустан што ќе одговара на сите критериуми – да е фотогеничен, удобен за носење, да одговара на верската и кралска симболика. Во моментов фустанот е изложен во Бакингемската палата, како дел од специјалната изложба што ја одбележа годишнината од крунисувањето. Дури и денес, шест децении подоцна, тој останува едно апсолутно историско парче.
Фустанот Mondrian на Yves Saint Laurent
Во 1965 година, Ив Сен Лоран го создава овој фустан, посветен на творештвото на познатиот абстракционист Пит Мондријан. Ова е прв случај во модата, кога дизајнер користи слика како инспирација за облека. Денес на облеката може да се види уметност од секакви епохи и видови и едвај некој од нас не поседува барем еден модел со интересна слика.
Фустанот од метални дискови на Пако Рабат
Првата колекција на Пако Рабат во 1966 година се вика “12 фустани, кои не можат да се носат”. Причината – сите тие биле пришиени од материјали кои никој до тогаш не ги користел за изработка на облека – метал, пластика, хартија. Овој фустан е еден од најпознатите, а слични верзии, можат да се видат во многу продавници и сега.
Венчаницата на Кејт Мидлтон
И ја должиме традицијата на белата венчаница на младата кралица Викторија, која во 1840 година се омажила во бел фустан, прва во светот. И до денес тоа е сонот за многу девојки – фустан како за принцеза и тоа невестински. Венчаницата на Кејт е дело на Сара Бартон од модната куќа Alexander McQueen, совршена за неа. Без да е со премногу тесно грло или сјајна, но дефинитивно импресивна и класична – точниот баланс кој секоја невеста се труди да го пронајде.
Фустанот „прегрни ме” на Diane von Furstenberg
Фустанот со ова романтично име е креација на една од најпознатите дизајнерки на Америка. Дајен фон Фјорстенберг вели дека во оваа облека жените се истовремено женствени, независни и силни. Освен тоа фустанот е исклучително удобен, а доликува на жени со секаква фигура, со тоа што ги прави тенки и елегантни. Фустани или блузи со сличен ефект имаат многу од нас, а сега ја знаеме и нивната историја.
Мини фустани на Мери Куан
Всушност, авторството препишано на Мери Куан е погрешно. Прв е Французинот Андре Куреж, кој ги создава кратките фустани уште во почетокот на 60-тите години, но Мери Куан ги прави уште пократки – она што и до денес се нарекува “мини”. Создадени токму за авреме за ерата на Туиги и рок-енд-Ролан средните фустани остануваат непроменливи, актуелни и заводливи и до денес.
New look фустани на Кристијан Диор
It’s such a new look! – Главната уредничка на Harper’s Bazaar, Кармел Сноу, ги видела фустаните на Диор – и така се родило името на оваа силуета. Со својата женствена облека, Диор сакале да ги вратат богатството и елеганцијата на жените во повоената Европа. Носени со корсет и кринолин, фустаните тежат по три и повеќе килограми, но ефектот бил одличен. Дури и денес, оваа женствена силуета останува апсолутно препознатлив симбол на романтика и класична женственост.
Малечкиот црн фустан
Сите знаат дека малиот црн фустан е измислен од Коко Шанел. Со текот на годините се појавиле безброј толкувања, а оваа е една од најпознатите – фустанот на Хали Голајтли од “Појадок кај Тифани”, е дело на дизајнерот Јобер Де Живанши. Годините минуваат, а малиот црн фустан секогаш останува дел од гардеробата – ете тоа е симболот на вистинската елеганција!