Новиот Самсунг, во март

Откако речиси дизнавме сè од гласините за спецификациите на новиот Galaxy S7, Еван Блас, познат и како Евлеакс, откри дека најверојатно новиот телефон ќе се појави на 11 март.

v204706

Самата најава за новиот уред се очекува за време на саемот Mobile World Congress во Барселона, па датумот на почетокот од продажбата се чини логичен. Според свежите гласини, новиот уред на мобилниот гигант нема драстично да се разликува од претходниците.

Galaxy S7 Edge би требало да има дисплеј од 5.1 инчи, резолуција 2560 × 1440 пиксели и процесор Qualcomm Snapdragon 820. Камерата на овој уред според тестот е 12-мегапикселна, а оперативната меморија изнесува 4 GB, додека внатрешната меморија е 64 GB. Предната камера е 5 мегапикселна. Главната разлика кај новиот скриншот и претходните шпекулации за карактеристиките на смартфонот е големината на екранот. Досегашните очекувања беа дека новиот Samsung Galaxy S7 Edge ќе биде со 5.2 или 5.5-инчен дисплеј.

- Реклама -