На рабовите на триаголникот на една крстосница центарот на Торонто, трговскиот центар „Галерија“ отсекогаш бил познат како чудна, независна временска аномалија. Знаат да го посетат оние кои сакаат да дознаат како изгледал во седумдесетите во оној страотен, алтернативен универзум.
Кога слушнав дека трговскиот центар го купиле со цел на таа локација да градат стамбени објекти, веднаш наминав да го посетам со цел да видам каков впечаток ќе ми остави пред да го уништат. Првото нешто што го забележав беше недостаток на брендирање. Високата структура имаше места предвидени за реклами, но тие беа празни. Додека другите стоко-транспортни центри се обидуваат да го зголемат своето влијание со огромни светлечки знаци, „Галерија“ како да не се ни обидува да привлече внимание.
Но, од друга страна „Галерија“ поседува шарм кој им недостасува на денешните големи центри. Не постои онаа богата, екстравагантна и материјалистичка аура што ја имаат големите молови, ниту пак има големи брендови каде би ги потрошиле парите на вашите родители. Се разбира, видливоста е лоша поради шкарт осветлувањето, но толку е празно, па не морате да се грижите дека ќе се судрите со некој. Трговскиот центар „Галерија“ не се обидува да се нашминка за да биде како останатите.
Сепак, сега за сега, тоа е место заглавено во времето.