Таман кога мислевме дека е толку од рекордите и достигнувањата на Федерер, оп, ново, 300 Гренд Слем победа. Замислете како е 300 пати да победите меч на Гренд Слем, имајќи предвид дека се работи за турнир кој се игра 4 пати во годината, и трае две недели.
Ова би значело четри турнири помножено со две недели, 8 недели, елитен тенис.
Од вкупно недели во годината – 52.
Ова значи како Федерер 10 месеци, секој ден да добивал по еден Гренд Слем меч.
Од друга страна, улога игра и фактот дека ако загубите, си одите дома. Наредната победа можете да си ја барате на наредниот ГС.
Епа Роже има 300, откако вчера го победи Григор Димитров со 3-1 во сетови. Федерер денеска не постави рекорд, бидејќи го има поставено уште многу одамна, имено на второто место во оваа конкуренција е Џими Конорс со ситни 233.
Интересно е дека пред Швајцарецот стои уште едно име, кога станува збор за династија во белиот спорт и Гренд Слемите. Тоа е Мартина Навратилова со 306.
Може Роже и повеќе…