Верувај ѝ на баба

Ако си болен – јади супа или ако не можеш да заспиеш – брои овци. Издвојуваме неколку бапски приказни што науката успеа да ги докаже.

baba

1. Пилешка супа како лек

Сите сме слушнале од бабите дека кога ќе настинеш треба да јадеш пилешка супа. Излегува дека има нешто во тоа. Иако пилешката супа нема сосема да ве излечи од настинката, истата ќе ублажи некои од симптомите.

Научниците открија дека пилешката супа навистина може да го намали воспалувањето од успорување на активностите на белите крвни зрнца кои се одговорни за предизвикување на воспаление. Така што, само напред – јадете супа.

2. Долго и напорно породување – ќе биде машко!

Ова е вистина. Науката докажа дека момчињата и задаваат на мајката повеќе болка за време на породувањето отколку девојчињата. Ирска студија од 2003 година докажа дека жените кои раѓаат машко дете имаат поголеми шанси да наидат на компликации за време на породувањето, што доведува и до зголемен број на итни царски резови.
Зошто? Студијата сугерира дека тоа е така затоа што момчињата воглавно се поголеми и тежат повеќе, а имаат и поголема глава.

3. Едно јаболко во денот за да не одиш на доктор

Сите знаеме дека треба да јадеме овошје секој ден и дека тоа е добро за нашето дравје. Но што е со јаболкото? Изгледа дека оваа бапска приказна не е измислица. Студија од 2013 година покажа дека кога сите луѓе над 50 години во Велика Британија би јаделе по едно јаболко дневно, тие би спречиле 8.500 срцеви и мозочни удари секоја година.

4. Јади чоколадо за поиздржлив месечен циклус

Ако јадете чоколадо пред да ви дојде месечниот циклус помалку ќе страдате.

Една студија покажува дека чоколадата содржи хранливи материи и антиоксиданти како што е анандмид, што може да има смирувачки ефект и да ги држи анксиозноста и расположението избалансирани.

5. Полна месечина

Не, не си замислувате дека вашите деца малку се омалаксани кога е полна месечина. Оваа бапска приказна се раскажува веќе со векови, поточно некои луѓе го менуваат расположението за време на полна месечина, и тоа, не само луѓе туку и животни.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Генерално, истражувачите допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и наталитетот се погодени до месечевата форма. Една студија докажа дека некои луѓе потешко спијат за време на полна месечина и покрај тоа што ролетните се спуштени.

6. Клин со клин се избива

Ако сте претерале со пиење минатата вечер и се чувствувате мамурно бабите би ви рекле веднаш “да се вратите на коњот” и да испиете една чаша ракија за да се решите од мамурлукот.

Ја зборуваат вистината? Науката вели – да. Истражувачите покажаа дека консумацијата на мали дози алкохол може да го олесни мамурлукот.

Сепак збор, два. Ублажувањата на ефектите на мамурлукот на овој начин може да ја зголемат зависноста од алкохол и на тој начин да создадат магичен круг. Значи, најдобар начин да избегнете мамурлук? Напијте се голема чаша вода пред да си легнете. Или уште подобро…не морате толку многу да пиете.

7. Не јади сирење пред да спиеш

За тоа дека дека консумацијата на сирење и други млечни производи пред спиење можат да предизвикаат чудни соништа долго се верувало, но една студија објавена во Велика Британија говори поинаку.

Тие тестирале 200 испитаници кои пред спиење јаделе различни видови на сирење и поголем дел од нив потврдиле дека имале чудни соништа.

8. Броите овци за полесно да заспиете

Старите жени им говорат на децата кога не можат да заспијат да ги затворат очите и да бројат овци.

Неодамна, дури и на Оксфорд беше направено истражување, а луѓето беа поделени во три групи. Првата група замислувала водопади, втората броела овци, а луѓето од третата група размислувале на било што.

Луѓето што броеле овци заспивале лесно, но сепак побавно од луѓето што замислувале водопади. Научниците тоа го објаснуваат на следниот начин: Броењето на овци бара поголема активност на мозокот, бидејќи глетката на овци кои прескокнуваат ограда, не е вообичаена, но е досадна. Сликите од водопад и природа биле подобра фантазија бидејќи делувале смирувачки. Баби, следен пат подобро кажете му на внукот да си замисли водопад, а ако повторно не може да заспие нека смести некаде крај водопадот и неколку овци.

- Реклама -