Како да се облекувате ако имате големи гради

Со денови може да зборуваме за добрите и лошите страни на поголемите гради, но ќе се задржиме на добрите. Прво и основно, кога се мажите во прашање, големите гради се подеднакво ефективни како и влегување во соба потполно голи.

Едноставно, не можете да ја избегнете сексуалната енергија, дури и ако на себе носите широк џемпер, и, да речеме, шест шалови.

Совети за облекување

В-изрезот ви е пријател!

Пронајдете го совршениот В-изрез и набавете го во секоја боја. Тој треба да е низок, но не премногу, и доволно широк за да не ве загуши. Во суштина, не би требало да покажете премногу, но не сакате ниту сосема да ги скриете вашите атрибути.

Сакајте ги вашите облини!

Инвестирајте во високо квалитетни градници, најважно е да имате добра потпора. Многу жени со години носеле погрешни броеви на градници. Затоа, не штедете кога се работи за вашите гради.

Истакнете ја половината!

Разгледајте ја вашата гардероба и погледнете дали имате парчиња кои ја истакнуваат половината. Многупати жените со поголеми гради купуваат парчиња кои им одговараат кај градите, но им се широки на сите останати места. Затоа, добра работа би ви завршил кројач, а ако не, коланите и сличните модни додатоци може многу да ви помогнат.

Комбинација бр. 1

Вака би требало да изгледа вашата секојдневна лежерна варијанта. Овој В-изрез се чини како идеална комбинација на умерено-разголено и не премногу тесно. Се разбира, никој освен вас не би можел да знае сигурно (правило број еден во шопингот: постојано пробувајте!), но ако успеете да го најдете совршениот изрез, тоа парче облека ќе биде совршена основа на вашиот плакар. Додавајќи мал ѓердан ќе создадете убава визуелна линија.

Комбинација бр. 2

Овој фустан е секси, а розовите панели на полусрцевиот изрез го спречуваат нападниот изглед на градите, додавајќи им структура како одличен визуелен ефект. Доколку не сте подготвени да ги покажете сите облини, додајте опуштена тексас јакна за да го комплетирате изгледот. На полноќ соблечете ја јакната, а сите во просторијата ќе останат со подзинати усти. [Dressing for Your Body, Which Happens to Be Awesome: Big Boobs Edition]

- Реклама -