Кога Моја го акна Бекер во прво коло на Австралиан!

 

На денешен ден пред точно 19 години, на Австралиан Опен тогаш 21 годишниот Карлос Моја успеа да го исфрли бранителот на трофејот од 1996-тата Борис Бекер. По 3 и пол часа брутален тенис и 5 сета (5-7, 7-6 (7-4), 3-6, 6-1, 6-4) Моја го направи најголемото изненадување во последните дваесет години од минатиот век, иако загуби во финалето од Пит Сампрас.

Дали на овој Австралиан Опен можеме на очекуваме нешто слично? Бекер тогаш имаше 30 години (на слична возраст како денес Ноле), но играше во далеку послаба форма од оваа на Ѓоковиќ денеска.

Нормално дека никој не би помислил дека такво нешто може да се случи, посебно по фуриозното затворање на турнирот во Доха, кој за него претставуваше феноменална увертира за тениска 2016.

 

- Реклама -