Новак Ѓоковиќ и конечно го освои турнирот во Доха, елиминирајќи го Рафаел Надал со 2-0 во сетови и тоа огромни 6-1 6-2 , најубедливиот меѓусебен дуел до сега.
Исто така, Ѓоковиќ успеа да тиумфира 24ти пат над својот најголем ривал во моментов (Надал има победено 23 пати).
Со оглед на тоа дека го збриша Надал за помалку од час и половина, можеме со сигурност да кажеме дека ова е неверојатна увертира за тениска 2016 за Новак Ѓоковиќ.
Новак играше убедливо и чисто, па со ваква игра никој нема ни да се посомнева дека некој друг би го освоил наредниот Гренд Слем, кој почнува за 9 дена.
Ѓоковиќ, по Доха, тргнува за Мелбурн полн со самодоверба.