Пониска жена, за поголеми познавачи

Уште од антиката се смета дека пониските жени се поубави и поженствени. Колку мислите дека била висока Клеопатра? Одговорот е 153 см. Неа не и биле потребни долги нозе како на модел од Victoria’s Secret за да ги придобива владетелите и да предизвикува војни. Одиме понатаму – Мерилин Монро? 165 см. А токму таа е симболот на женственоста и сексапилот. Фаталната покровителка на уметноста и науката Лукреција Борџија исто била ситна на раст. Во Античка Кина најголема почит уживале ниските жени со мали нозе. Пештерските мажи исто така сакале ситни жени и тоа со раскошна форма…

o-TALL-MAN-SHORT-WOMAN-facebook
“Малата жена е како мало шишенце парфем, во кое се содржи најдобриот!” – Џакомо Казанова

Во денешно време иако и манекенките со долги нозе предизвикуваат интерес, мажите сакаат повеќе жени кои се доста пониски од нив, според бројни експерти кои ги проучуваат машко-женските односи. Ева Лонгорија е една од најголемите миленички на машкиот пол во светот и е висока едвај 157 сантиметри – сепак, има прекрасно тело и е повеќе од шармантна. Со истиот раст се Салма Хаек и Меган Фокс, познати како едни од најубавите жени во светот, додека модната икона Елизабет Тејлор е висока само 163 см. Можеме да дадеме и уште многу примери за убава фигура низ искуството на неколку исклучително гламурозни жени, сепак понатаму ќе се задржиме малку и на научните фактори кои ги поткрепуваат ваквите тези.

52e1c392b764568c916d9d34cc5bc5a4_large

Многумина сметаат дека во љубовта на мажите кон ниските жени, се кријат и чисто научни фактори. Малите жени имаат повеќе естроген (женски хормон), што ги прави женствени, чувствителни и фини.

Еве и неколку психолошки фактори кои влијаат на мажите врз претставата за идеалната жена

Ниските жени имаат потреба од поголема заштита

Секоја жена на овој свет има потреба од машка заштита, без разлика на својот раст, но случајот со ниските жени малку поинаков. Тие изгледаат кревки, невини и беспомошни во споредба со повисоките, а не е тајна дека мажите сакаат да ги бранат своите сакани, со тоа што на овој начин се чувствуваат силни и мажествени. Не е убаво и човек да биде во заблуда од растот. Тоа дека една жена е пониска од другите, не значи дека не може да има борбен карактер.

Hug-Couple-Happiness-Love-Wallpaper

Мажите се чувствуваат посилни, во друштво на малите жени

За еден маж нема ништо поважно од егото. Ова е една од причините што мажите ги сакаат повеќе ниските жени. Доминацијата во растот и физичката сила ги тераат да се чувствуваат посилни. Тие се збунети ако нивната девојка, дури и да е најубавата жена, мора да ја придвижи главата надолу за да го погледне во очите. Може да звучи површно, но природата не случајно им дала на мажите поголема физичка сила.

Според психолозите, високите жени предизвикуваат повеќе почит отколку љубов и романтика.

Жените со ситен раст изгледаат интригантни и подготвени за нови авантури

Тие се агилни и освен тоа тежат помалку, а мажите обожаваат да ја креваат саканата на раце.

- Реклама -