Додо е птица која човекот ја истребил за само 70 години откако ја здогледал за прв пат.
Била пронајдена на островот Маурициус, среде Индискиот океан. Птицата била најголем примерок од фамилијата голуби кои некогаш постоел – долга и висока околу 70 сантиметри и не можела да лета. Немале природни непријатели стотици илјади години, па можеле да опстанат на островот. До 1693 година, повеќе не постоел ниту еден жив примерок.
Често морнарите кои доаѓале до островот ги убивале од досада, зашто записите говорат дека месото не им било воопшто вкусно, па останува претпоставката дека убиствата не биле поради храна. Меѓудругото, било многу едноставно да се фатат, бидејќи кога една од нив ќе била фатена и ќе започнела да грака, другите доаѓале да видат што се случува. Со оглед на тоа што се гнезделе на земја, нивните јајца биле лесен плен за свињите, кучињата и мајмуните кои на островот ги донеле посетителите.
Палеонтолозите често споменуваат дека денес повеќе се знае за диносаурусите и другите животни кои изумреле пред повеќе од милион години, отколку за оваа прица која живеела во поново доба.